ИНФЛУЕНСЕРКА СО БОТОКС СИ ГО ИЗДЕФОРМИРАЛА ЛИЦЕТО! По третманот изгледа КАТАСТРОФАЛНО! (ФОТО)
ИНФЛУЕНСЕРКА СО БОТОКС СИ ГО ИЗДЕФОРМИРАЛА ЛИЦЕТО! По третманот изгледа КАТАСТРОФАЛНО! (ФОТО)
Тиктокерката и јутјуберката која се потпишува како Катја Митра ја шокираше јавноста покажувајќи го своето изобличено лице по инјектирање ботокс.
Фото: Принтсcреен/Тикток//катjа_митра
Како и многу жени, инфлуенсерката сакала затегнато лице и малку да се подмлади, но завршила со алергиска реакција која ѝ го променила личниот опис.
– Комплексите се чудо. Не треба да се биде комплексен. Ова е реакција на ботокс, верувале или не. Може да му се случи на секого. Така што, што да ви кажам, сакаме или не сакаме, 21 век е и ова расипано и болно општество ја натера секоја жена поединечно да биде будала, што да кажам – изјави таа во видеото кое брзо стана вирално и додаде:
Фото: Принтсcреен/Тикток//катjа_митра
– Отокот ќе помине, би требало, веќе изгледам подобро… што да ви кажам, негувајте се, вежбајте, јадете здраво, немојте да се бодете со разни глупости, ставете онака како што треба, тоа е суштината, и секако најдете некој што ќе ве сака такви какви што сте.
Будва на нозе! Аца Лукас направи општ хаос во дискотеката „Омниа“! (ВИДЕО)
Во една од своите објави таа покажа како изгледала пред и по инјектирањето ботокс. Катја во други објави откри дека ѝ бил инјектиран кинески ботокс и тоа кај проверен доктор, и дека ова е реакција на него.
Фото: Принтсcреен/Тикток//катjа_митра
32-годишната инфлуенсерка се покајала што отишла на таков третман и си го уништила лицето.
Освен тоа, таа во своите објави покажала дека се борела и со килограмите додека била помлада, а благодарение на упорноста, здравата исхрана и тренинзите, успеала целосно да се трансформира, инспирирајќи многу девојки да направат исто.
„МОНО АЛЕКС СО ФЕРАРИ ПО ВОДА: ДАЛИ ГО НАУЧИ АВТОМОБИЛОТ ДА ПЛИВА?“ (ФОТО)
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.