МЕГАЕКСКЛУЗИВНО: Дина Терзин ја покажа својата вила од милион евра!
МЕГАЕКСКЛУЗИВНО: Дина Терзин ја покажа својата вила од милион евра!
МЕГАЕКСКЛУЗИВНО: Дина Терзин — од ТикТок до луксузната вила
Дина Терзин за кусо време се етаблира како една од највлијателните српски инфлуенсерки на Балканот, освојувајќи ги симпатиите на публиката со својот шарм, харизма и самодоверба.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ САНДАЛИТЕ НА ЛИЛА ОД 660 ЕВРА: Султанка во Истанбул!
И покрај бројните коментари на нејзина сметка поради изгледот, Дина отворено изјавува дека е задоволна со тоа како изгледа и не дозволува критиките да ја поколебаат.
Новинарскиот тим на HYPE телевизија ја посети нејзината родна куќа во Зрењанин, каде откривме дека живее во импозантна, розова вила, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.
Дина призна дека пораснала во комфор и дека понекогаш знае да биде размазена, но исто така нагласува дека се труди да остане приземјена и скромна.
Во рамки на нашата посета, таа не’ прошета низ својот дом — од дневната соба, преку кујната, па сè до нејзината спална соба, но и луксузниот кат во златни нијанси каде се наоѓа нејзиното приватно купатило — нејзина оаза на мир.
Иако се појавија гласини дека е свршена со популарниот инфлуенсер Голденито, Дина ја отфрли оваа информација, објаснувајќи дека станува збор за маркетиншки трик и дека тие се само пријатели.
На крајот од посетата, таа нè одведе и на својот сплав, каде, во пријатна атмосфера покрај базенот, разговаравме на бројни актуелни теми и драми поврзани со регионалната инфлуенсер сцена.
БОНУС ВИДЕО: