ЛАЗАРОВ И МАНДАР СИ ЈА ОТВОРИЈА ДУШАТА: ЕДНИОТ ПСИХОЛОГ, ДРУГИОТ ГО ИЗМАНИПУЛИРА И ИРАК
ЛАЗАРОВ И МАНДАР СИ ЈА ОТВОРИЈА ДУШАТА: ЕДНИОТ ПСИХОЛОГ, ДРУГИОТ ГО ИЗМАНИПУЛИРА И ИРАК
Пријателството нема цена!
„Пријателството е нешто што е најтешко да се објасни. Тоа не е нешто што го учите на училиште. Но ако не сте го научиле значењето на пријателството, не сте научиле ништо“ – рече еднаш славниот Мухамед Али!
Или славниот цитат на Опра Винфри- „Многу луѓе сакаат да се возат со вас во лимузината, но она што вие го сакате е некој кој ќе ви прави друштво во автобус кога лимузината ќе се расипе.“
Најпознатите јутубери во земјава, Стефан Лазаров и Васил Мандаровски Мандар се најдобри пријатели со години. Поминале многу нешта заедно и научиле дека ако еден на друг не се најголема поддршка, тогаш пријателството нема смисла. Но и тоа како има ако во едно такво дугарство се втемелени вистинските вредности, почитта, разбирањето, помагањето, смеењето, тагувањето, несебичноста…
ХАЈП ТВ ги соочи двајцата, а за поширокиот аудиториум овозможуваме едно искрено, шеговито и интервју од кое може да се влечат поуки. Без превез или завеса, отворено зборуваат за многу нешта кои ги поврзуваат. Многу работи во кои се надополнуваат. Едниот е брз, другиот е мирен. Едниот динамичен и практичен, другиот со психолошки гледања на нештата. Како јин и јанг се, а не ја симнаа насмевката цело време.
На пример, во одреден момент во интервјуто ќе разберете кој е „доктор психолог“, а кој „немирко“ со темпераментен дух. Всушност, има доста хумористични моменти како „Кој е нафтениот магнат“, а кој го замени Дубаи и Ирак за мајка Македонија. Некаде помеѓу следи неочекуван пресврт, но се на се, добро ги „претресовме“.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т