ВОЗЕЊЕ БЕЗ ТАБЛИЦИ, ЛЕТАЊЕ НА ХАУБА И БЕЗ ВОЗАЧКА: СКОПСКА АВАНТУРА СО ПОСЛЕДИЦИ!
ВОЗЕЊЕ БЕЗ ТАБЛИЦИ, ЛЕТАЊЕ НА ХАУБА И БЕЗ ВОЗАЧКА: СКОПСКА АВАНТУРА СО ПОСЛЕДИЦИ!
Група млади момчиња кои вчера беа забележани како се возат на хауба среде Скопје, сега се соочуваат со правни последици, откако Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите инволвирани лица се идентификувани и повикани на службен разговор.
Фото/Пеxелс
ВОЗЕЊЕ БЕЗ ТАБЛИЦИ, ЛЕТАЊЕ НА ХАУБА И БЕЗ ВОЗАЧКА!
Како што пренесува Слободен печат, видеото што за кусо време стана вирално на социјалните мрежи го прикажува инцидентот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде што неколку момчиња се движеле во автомобил додека еден од нив стоел на хаубата, додека возилото било во движење.
Од МВР информираат дека возачот на автомобилот, 20-годишниот С.З. од Скопје, управувал со возилото без возачка дозвола и без регистарски таблички, поради што му е изречена соодветна санкција.
Дополнително, 19-годишниот Р.Ѓ., кој стоел на хаубата, исто така е санкциониран, бидејќи со своето однесување ја загрозил сопствената безбедност, а притоа и му дозволил на лице без дозвола да управува возило.
Виеw тхис пост он Instagram
Во официјалното соопштение од МВР стои:
„Против С.З. (20) од Скопје се поднесуваат пријави по член 167 став 2 од Законот за безбедност во сообраќајот (поради превезување лице на надворешни делови од возилото), член 225 став 9 (возење без возачка дозвола), како и по член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици).
МЕМОАРИТЕ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ГИ НАПИШАЛА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?! ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БЕЛАТА КУЌА!
Истовремено, против лицето Р.Ѓ. (19) од Скопје се преземаат мерки по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (преземање дејствија што ја загрозуваат сопствената безбедност)“.
Оваа опасна и неодговорна постапка за среќа помина без повредени, но повторно ја отвори темата за неодговорното учество во сообраќајот на младите лица, како и злоупотребата на возилата за забавни, но крајно ризични потфати.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.