ХОСПИТАЛИЗИРАНА ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ! Итно примена во Ургентниот центар, еве во каква состојба е!
ХОСПИТАЛИЗИРАНА ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ! Итно примена во Ургентниот центар, еве во каква состојба е!
Популарната пејачка Весна Змијанац вчера заврши во Ургентниот центар откако ѝ стана нагло лошо.
Пејачката беше пренесена во болница со возило на Итната помош и моментално е под надзор на лекарите.
Весна сама ја повикала Итната помош, која брзо реагирала и ја однела во здравствената установа, а како што јавуваат домашните медиуми, Весна моментално се чувствува добро.
Фото/Хајп тв- Кобра
Хоспитализирана Весна Змијанац
Да потсетиме, Змијанац и порано имала кардиоваскуларни проблеми, поради што веќе се лекувала. Во април 2023 година, на Весна ѝ бил извршен бајпас, но по неколку месеци опоравување на нејзиниот имот на Букулја, се врати на сцената.
Фото: Антонио Ахел/АТАИмагес
Инаку, ова не е единствениот здравствен проблем со кој се соочила Весна во претходниот период. Пејачката имала проблем и со штитната жлезда, за што отворено зборувала.
– Јас 15 години се борам со штитната жлезда, но живеам со тоа. Многу жени ја отстрануваат, но јас се плашам од операција. Немам причина да одам под нож, бидејќи не е ништо страшно. Ако се одлучам за тој чекор, повеќе би се согласила да ме оперираат лекарите во Србија отколку во странство. На нашите лекари повеќе им верувам, некако се повеќе пријателски настроени кон пациентите – изјавила таа еднаш.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/РС