Не успеа да стигне до титулата во велтер-категорија, ама остана челичен до крај: Славески поразен, но горд!
Не успеа да стигне до титулата во велтер-категорија, ама остана челичен до крај: Славески поразен, но горд!
Македонецот Горјан Гого Славески не успеа да се закити со титулата во велтер-категорија во боксот со голи раце (БКФC) откако нашиот боксер по голема борба загуби од Американецот Џулијан Лејн.
фото: X/ СтатифyММА
Станува збор за борба што беше дел од БКФC 79 што се одржуваше во Јужна Дакота, САД, каде Славески налета на силен ривал и за жал во најважната битка го претрпе првиот пораз во кариерата.
А после сево ова напиша на Инста- „Каков викенд“
Виеw тхис пост он Instagram
Македонецот издржа пет интензивни рунди против искусниот Американец, но падна во нокдаун во третата и петтата рунда, што имаше клучно влијание врз конечната судиска одлука.
Победата му припадна на Лејн со едногласна одлука – судиските резултати беа 49-44, 49-44 и 48-45 во корист на американскиот боксер.
БОНУС ВИДЕО:
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)