Катерина Попева ЕКСКУЗИВНО за ХАЈП МК и пријателството со Душко Чифлиганец: „Никој не признаваше дека му е тешко, станувавме тресејќи се од смеа“!
Катерина Попева ЕКСКУЗИВНО за ХАЈП МК и пријателството со Душко Чифлиганец: „Никој не признаваше дека му е тешко, станувавме тресејќи се од смеа“!
По веста дека почина заменик-претседателот на групацијата Адора, Душко Чифлиганец и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, неговите пријатели постојано се простуваат од него на социјалните мрежи.
Потсетуваме дека Душко паднал од мотор во Чешка, од што се здобил со тешки повреди на главата. Повеќе од 24 часа се борел за живот во болница во Чешка. Чифлиганец живееше во Дубаи и беше познат како љубител на мотоспортови во кои има освојувано и престижни награди.
Фото: Фејсбук/ Душко Чифлиганец
ХАЈП МК разговараше со Катерина Попева, негова блиска пријателка, која од моден дизајнер стана државен првак во бодибилдинг, а често со Душко вежбаа заедно:
“Многу се шокирав и искрено, сè уште не можам целосно да го процесирам тоа што се случи. Особено затоа што сите ние некако си го живееме животот, а во меѓувреме се случуваат вакви трагични настани…
Д-Р ГАБРИЌ: МЕ РАДУВА КОГА ИМ ГО ВРАЌАМ ВИДОТ НА ЛУЃЕТО, ГОДИШНО ИЗВЕДУВАМ 2500 ОПЕРАЦИИ!
Во ниту еден момент не ми е тешко да кажам само најубави зборови за него, затоа што лично го познавав Дуле. Тешко ми е што морам да го кажам ова, а него веќе го нема… Би сакала да може да ме слушне, сè уште не ми се верува, во неверување сум.
Дуле, пред сè, беше многу културен и квалитетен човек, вистински другар. Ги почитуваше луѓето и беше човек кој вистински го сакаше животот и го живееше со полна пареа. Секогаш насмеан и позитивен. Многу пати на тренинг се смеевме до солзи и уживавме во страста што ја делевме – тренингот. Немам зборови со кои можам да опишам колку ми е жал.
Фото: Фејсбук/ Катерина Попева
Пред очи ми излегува неговиот лик кога ќе го сретнев и ќе ми речеше: „Браво, Кате, горди сме на тебе.“ Никогаш нема да го заборавам моментот кога вежбавме тренинг за нозе – кој побргу ќе потклекне и кој повеќе ќе издржи… Никој не признаваше дека му е тешко, станувавме тресејќи се од смеа, а тој, како и секогаш, во најпозитивен дух, ја правеше атмосферата уште поинтересна.
Ова е голема загуба на еден прекрасен, млад и талентиран човек. Нека почива во мир и нека му е светол патот“
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т