ЕВЕ ДАЛИ РАСТА ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА! ИСПЛИВАА НОВИ ДЕТАЛИ ОД СКАНДАЛОТ!
ЕВЕ ДАЛИ РАСТА ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА! ИСПЛИВАА НОВИ ДЕТАЛИ ОД СКАНДАЛОТ!Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста, кој беше приведен во Охрид пред почетокот на концертот на кој требаше да настапи, вчера беше ослободен и се враќа во Белград.
Фото: Hype ТВ / илустрација
Раста беше уапсен од страна на Министерството за внатрешни работи со опојна дрога, а против него беше поднесена кривична пријава за „Неовластено производство, продажба и употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Бидејќи стануваше збор за странец, веднаш беше изведен пред надлежен суд, каде што по кратка постапка беше утврдено дека нема основа за кривично гонење.
РАСТА ПУШТЕН ОД ПРИТВОР – ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ДРАМАТИЧНАТА НОЌ!
ЕВЕ ДАЛИ РАСТА ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА! ИСПЛИВАА НОВИ ДЕТАЛИ ОД СКАНДАЛОТ!
На Раста веднаш му беа вратени патните документи, по што може без никакви ограничувања да ја напушти земјата, пишуваат македонските медиуми.
По неговото пуштање од притвор – се огласи и неговиот тим:
– Стефан Ѓуриќ – Раста беше пуштен по кратко административно задржување во Северна Македонија, кое со целосна соработка беше брзо завршено. Раста и Балкатон Ганг ги продолжуваат своите активности без никакви прекини. Им се заблагодаруваме на фановите во Македонија за големата поддршка, разбирање и трпение. Искрено се надеваме дека наскоро ќе има нова прилика за дружење. Стефан ќе ѝ се обрати на јавноста кога ќе дојде вистинскиот момент. Ги молиме медиумите за одговорно известување и им благодариме на сите за разбирањето и поддршката. Ваш Балкатон Ганг – стои во соопштението.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.