„ЕВЕ ПАК ЈАС И КРИВА И К*РВА И АНОРЕКСИЧНА..“ – МАРИЈА ЛУИСА ВО НОВ СКАНДАЛ: ЈАВНО РАЗОТКРИ СЕ! (ФОТО)
„ЕВЕ ПАК ЈАС И КРИВА И К*РВА И АНОРЕКСИЧНА..“ – МАРИЈА ЛУИСА ВО НОВ СКАНДАЛ: ЈАВНО РАЗОТКРИ СЕ! (ФОТО)
Македонската пејачка Марија Луиса повторно е во центарот на вниманието! Откако пред неколку месеци јавно објави дека нема намера да молчи кога ќе биде навредена или деградирана на социјалните мрежи, таа и овојпат го испочитува сопственото ветување.
Фото/Инстаграм/принтскрин/луиса.тодоровска
Овој пат, на удар се најде нејзин „фан“ кој ѝ испратил експлицитни и еротични пораки преку Instagram пораки, а таа – без двоумење – ги сподели на своето Instagram стори. Во пораките, освен навредливи коментари, има и јасно изразени сексуални алузии и деградирачки ставови кон изгледот и потеклото на пејачката.
Како одговор, Луиса објави иронично видео каде ја пее својата песна „Порок“, со што уште еднаш ја потврди својата провокативна, но и бескомпромисна личност кога станува збор за женското достоинство.
Фото/Инстаграм/принтскрин/луиса.тодоровска
Подоцна, истиот профил повторно ѝ се обратил – овојпат со уште понавредливи и понискажувачки изјави, на што пејачката повторно реагираше транспарентно: монологот беше објавен јавно, без цензура.
Фото/Инстаграм/принтскрин/луиса.тодоровска
„Реков и ќе стојам зад тоа – секој што ќе се дрзне да ме навредува или деградира, ќе биде јавно изложен. Крај на толеранција за болни егоисти што мислат дека можат да си играат со туѓо достоинство,“– изјави неодамна Марија во една од своите објави.
Фото/Инстаграм/принтскрин/луиса.тодоровска
МАРИЈА ЛУСА ВО НЕВЕРУВАЊЕ! СЕ*С ВО ЖИВО СРЕДЕ БЕЛ ДЕН! (ВИДЕО)
И додека некои ја поддржуваат за храброста и отвореноста, други сметаат дека ваквите реакции само дополнително го поттикнуваат вниманието што овие „онлајн насилници“ го бараат.
Сепак, едно е јасно – Марија Луиса не планира да молчи, и секој „скандал“ за неа е само уште една можност гласно да се бори против дигиталното малтретирање.
РАСТА ПУШТЕН ОД ПРИТВОР – ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ДРАМАТИЧНАТА НОЌ!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.