СЕ ШИРИ СМРДЕА ОД ФЕКАЛИИ ОД ВИЛАТА НА ЦЕЦА! ЕВЕ ГИ СИТЕ ДЕТАЛИ!
СЕ ШИРИ СМРДЕА ОД ФЕКАЛИИ ОД ВИЛАТА НА ЦЕЦА! ЕВЕ ГИ СИТЕ ДЕТАЛИ!

Фото: Антонио Ахел/АТАИмагес
Цеца Ражнатовиќ веќе извесно време не е омилена меѓу соседите на улицата Љутице Богдана, а најновите случувања тоа дополнително го потврдуваат.
Според пишувањата на домашните медиуми, во семејната куќа на Ражнатовиќ во Дедиње дошло до пукање на водоводна цевка, па сега водата тече по високиот ѕид – директно на тротоарот. Поради тоа, наводно, минувачите и соседите се движат отежнато и сè почесто се жалат на овој проблем.
„Еве, видете сами. Овде со денови тече вода и толку смрди што е катастрофа. Не знам ни дали Цеца е известена за ова, ниту кој се грижи за тоа, ама мора што побрзо да се реши проблемот. Не можеме да дишеме, а ни да поминеме по овој дел од тротоарот од таа вода и непријатниот мирис. Сега не е толку страшно бидејќи не е многу жешко. Ама овие денови кога беше речиси 40 степени — да не ви раскажувам. Ние овде ги шетаме децата, има многу мајки со колички. Страшно! Дали е тоа канализација или што е, не знам, ниту ме интересира. Апелирам до неа да се позанимава со ова за да не се искомплицира уште повеќе и да не дојде до некоја голема поплава“, изјави еден сосед за „Курир“.

Фото: принтскрин/ТикТок/курир.рс
Да потсетиме, озлогласената пејачка пред неколку месеци започна реновирање на еден дел од куќата. Според медиумите, Цеца издвојила околу 20.000 евра за уредување на отворената тераса. Меѓутоа, терасата во меѓувреме е покриена, а соседите сметаат дека целиот изглед сега делува неусогласено и естетски непривлечно.
„Работите се завршени веќе некое време, ама таа иверка никако не одговара. Паѓа в очи, особено бидејќи не се вклопува со остатокот од фасадата. Сè делува малку евтино. Сепак, ова е место што многу туристи го посетуваат за да ја видат вилата на Цеца, па треба да се внимава на секој детаљ. Можеби ни работите не се целосно готови, ама кога веќе ќе го реши проблемот со водата, би можела да обрне внимание и на изгледот на терасата“, коментираат соседите.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!