„НЕ СУМ ПЕЈАЧКА ШТО ПЕЕ ЗА БАКШИШ…“ – МИЛЕНА ЦЕРАНИЌ БРУТАЛНО ЗА КОЛЕГИТЕ: „НЕМАМ ЖЕЛУДНИК ЗА ТИЕ РАБОТИ!“
„НЕ СУМ ПЕЈАЧКА ШТО ПЕЕ ЗА БАКШИШ…“ – МИЛЕНА ЦЕРАНИЌ БРУТАЛНО ЗА КОЛЕГИТЕ: „НЕМАМ ЖЕЛУДНИК ЗА ТИЕ РАБОТИ!“
Милена Цераниќ вечерва настапува во српската престолнина, а се појави во елегантен долг фустан и со насмевка што не ја симнуваше од лицето.
Фото/ ХАЈП МК
Пред да излезе на сцена, пејачката разговараше со Hype телевизија, каде зборуваше за својата нова песна и за идните планови.
Како што истакна, нејзината песна „Адио“ ја допрела публиката до срце, и со таа нумера го остварила сето она што го посакувала.
Песната, според неа, е посветена на една посебна личност, но не сакаше да открие за кого станува збор.
– Верувам дека таа личност знае дека песната ѝ е посветена – изјави Милена.
Покрај музичката кариера, пејачката внимава и на својот физички изглед, редовно тренира и нагласува дека е дисциплинирана во сè што прави.
Милена Цераниќ брутално за колегите
Милена дополнително го истакна својот јасен став дека не е пејачка која пее за бакшиш, додавајќи дека многу нејзини колеги тоа го прават, но дека таа нема „желудец“ за такви работи.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.