ЈАПОНСКАТА БАБА ВАНЃА НАЈАВИ МЕГАЦУНАМИ! ХОРОР ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА!
ЈАПОНСКАТА БАБА ВАНЃА НАЈАВИ МЕГАЦУНАМИ! ХОРОР ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА!
Јапонската видовита Рјо Тацуки, наречена „јапонска Баба Ванга“, наводно предвидела разорен земјотрес и мегацунами во јужна Јапонија за 5 јули 2025 година – предвидување кое повторно ја крена светската медиумска сцена на нозе.
фото: Пиxабаy
„Морето ќе врие“ – запис стар четири години
Во ревидираното издание на својата книга од пред четири години, Тацуки предвидела дека „морето околу јужна Јапонија ќе врие“ токму на 5 јули 2025 година. Неколку дена по овој датум, навистина се случи земјотрес од 8,8 степени и разорно цунами кое го погоди регионот, вклучувајќи делови од Русија – што предизвика нова лавина на интерес за нејзините визии.
Позната по предвидувања за светски ѕвезди и катастрофи
Рјо Тацуки, која стекна слава со тврдењата дека ја предвидела смртта на Фреди Меркјури и принцезата Дијана, како и земјотресот во Кобе, уште еднаш е во центарот на вниманието. Во 1999 година, во својата книга „Иднината каква што ја гледам“, наводно го најавила и „непознатиот вирус“ што многумина го поврзаа со пандемијата на Ковид-19.
Пророштва кои се повторуваат во интервали деливи со бројот 5
Тацуки, која се повлече од јавноста во 2020 година, во еден свој запис од 1995 навела дека „таа година ќе го означи нејзиниот погреб“, што се толкува како крај на нејзината манга кариера, а не физичка смрт. Интересно е што таа верува дека нејзините пророштва се остваруваат во периоди деливи со бројот 5 – 5 дена, 15 месеци или 25 години.
Цунамито што доаѓа – и „змејови“ од морето?
Според нејзините најнови визии, може да дојде до подводна вулканска ерупција што ќе предизвика мегацунами, чие подрачје на удар би имало форма на дијамант, опфаќајќи го Јапонија, Тајван, Индонезија и Северните Маријански Острови. Таа предвидела и појава на мистериозни „змејови“ што се движат кон Хаваи – симбол што некои го толкуваат како необичен атмосферски или подводен феномен.
Јапонија – тронатата земја
Јапонија, која се наоѓа во една од најсеизмички активните зони во светот, годишно бележи околу 1500 земјотреси што можат да се почувствуваат. Најразорниот беше на 11 март 2011 – со јачина од 9,0 степени, кој предизвика големо цунами и нуклеарна катастрофа во Фукушима. И тој земјотрес, велат обожавателите на Тацуки, бил предвиден од неа.
И покрај скепсата на науката кон вакви предвидувања, мистиката и пророштвата на Рјо Тацуки и натаму будат стравопочит и фасцинација кај милиони луѓе ширум светот.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!