ЕВРОБАСКЕТ 2025 СО ЅВЕЗДЕН СЈАЈ: Јокиќ, Јанис и Дончиќ ќе ги предводат своите репрезентации!
ЕВРОБАСКЕТ 2025 СО ЅВЕЗДЕН СЈАЈ: Јокиќ, Јанис и Дончиќ ќе ги предводат своите репрезентации!
фото: принтскрин/ абц
Европското првенство во кошарка 2025 добива на тежина уште пред да започне – тројцата најголеми европски НБА ѕвезди, Никола Јокиќ, Јанис Адетокунбо и Лука Дончиќ, ќе настапат за своите репрезентации!
Иако финалните ростери на селекциите сѐ уште не се официјално објавени, реномирани американски новинари пренесуваат дека трите суперѕвезди се подготвени да настапат на Евробаскетот кој се одржува следниот месец.
„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокунбо ќе настапат за своите земји на Евробаскетот следниот месец. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со висок влог, Евробаскетот секогаш испорачува“, напиша Еван Сидери.
Србија меѓу главните фаворити за злато
Српската репрезентација, предводена од Никола Јокиќ, се смета за еден од најсериозните кандидати за титулата. Јокиќ, кој го предводеше Денвер Нагетс до НБА шампионскиот прстен во 2023 година, веќе има богато искуство во националниот дрес – Олимписките игри (Рио 2016, Париз 2024), Светското првенство 2019 и Евробаскет 2022.
По неколку години отсуство од репрезентацијата поради исцрпеност и повреди, неговото враќање на големата сцена е огромен мотив за „орлите“.
Одлични вести стигнуваат и од таборот на Словенија, каде Лука Дончиќ ќе биде носител на тимот, како и од Грција, каде што Јанис Адетокунбо е подготвен да блесне во дресот на својата татковина. И двете селекции најавуваат борба за медали.
Спектакл на повидок
Доколку овие информации се официјално потврдени од кошаркарските федерации, навивачите може да очекуваат највозбудливото Европско првенство во последната деценија – со директни дуели меѓу трите најголеми НБА имиња од стариот континент.
Евробаскет 2025 ветува спектакл, емоции и историски натпревари какви што одамна не сме виделе на европската кошаркарска сцена.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!