Трамп гол со Сатаната во „Саут Парк“ – Белата куќа бесна, Паркер и Стоун без влакна на јазикот!
Трамп гол со Сатаната во „Саут Парк“ – Белата куќа бесна, Паркер и Стоун без влакна на јазикот!
Контроверзија уште од стартот на новата сезона на култната анимација „Саут Парк“! Во првата епизода од 27. сезона, креаторите Треј Паркер и Мет Стоун го прикажуваат Доналд Трамп целосно гол – и тоа во кревет со самиот Сатаната!
Епизодата предизвика лавина реакции, особено од Белата куќа, која остро реагираше на сатиричниот и брутален приказ на поранешниот претседател. Во еден од највпечатливите сегменти, Трамп – прикажан како реална фотографија ставена на анимирано тело – оди гол низ пустина, со дипфејк сцена што го исмејува неговиот изглед, а воедно му додава и гениталии со… очи!
фото:принтскрин/ббc
– Ни рекоа дека ќе го замаглат пенисот, ама јас инсистирав дека нема – изјави Треј Паркер, додека Мет Стоун објасни дека тимот буквално четири дена разговарал за тоа како да го „оживеат“ пенисот со очи, правејќи го лик сам за себе.
Белата куќа возврати жестоко, нарекувајќи ја серијата „ирелевантна“ и „очајна за внимание“, но Паркер и Стоун не се поколебани. Во епизодата се исмејува и договорот на Трамп со Парамаунт вреден 16 милиони долари – само неколку часа откако истиот медиум потпиша историски договор од 1,5 милијарда долари со „Саут Парк“ тандемот.
Скандалозно, бизарно, урнебесно и 100% „Саут Парк“ – новата сезона ветува многу, а оваа епизода веќе влезе во историјата на најконтроверзните моменти на серијата.
БОНУС ВИДЕО:
ЕКСКЛУЗИВНО! ХАЈП ТЕСТ СО АНТОНИА И ЏОКЕР: „ЖЕШКИТЕ“ МОМЕНТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО КУЈНА! (ВИДЕО)
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! НИНА РЕД: „СУМ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ!“ (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!