Автобус на ЈСП се запали во движење – возачот заврши во болница!
Автобус на ЈСП се запали во движење – возачот заврши во болница!
фото:пресс24
Утрово околу 07:16 часот, на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Автобусот бил управуван од возачот С.Б., кој успеал навреме да го сопре возилото и сам да го изгасне огнот. Според првичните информации, тој веднаш бил пренесен на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде добил соодветна лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот, како и за утврдување на точната причина за пожарот. Засега нема информации за евентуални други повредени лица.
Овој инцидент повторно ја отвора дилемата за безбедноста и техничката исправност на возилата во јавниот сообраќај во Скопје.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!