Приведени 13 лица во полициска акција во Центар – откриени малолетници и дрога!
Приведени 13 лица во полициска акција во Центар – откриени малолетници и дрога!
фото: принтскрин/мвр.орг.мк
Во координирана полициска акција на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат, во текот на ноќта меѓу 19 и 20 јули, извршени се засилени контроли во 12 угостителски објекти на подрачјето на Центар. Акцијата резултирала со приведување на 13 лица, од кои шестмина биле малолетни.
Од приведените, четири лица се соочуваат со кривични пријави за тешки дела поврзани со дрога – неовластено производство и трговија со наркотични средства и овозможување нивна употреба, согласно член 215 и член 236 од Кривичниот законик.
Контролата се одвивала од 19:00 до 02:30 часот, а биле извршени:
-
26 проверки на идентитет
-
23 прегледи на лица
-
11 прегледи на возила
-
7 возила биле отстранети од сообраќај со „пајак“
Дополнително, регистрирани се повеќе прекршувања на:
-
Законот за лична карта
-
Законот за безбедност на сообраќајот
-
Законот за возила
-
Законот за оружје
Паралелно, Единицата за недозволена трговија презела сопствени активности, при што биле приведени уште 2 лица за утврдување на идентитет, а легитимирани се вкупно 22 други лица, извршени се 19 прегледи на лица и 8 возила.
Министерството за внатрешни работи најавува дека вакви засилени контроли ќе се спроведуваат и во наредниот период, со цел зголемување на јавната безбедност и спречување на криминални активности низ угостителските објекти и јавните простори.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!