ПЕКОЛЕН БРАН ОД АФРИКА ГО ЗАФАТИ МАКЕДОНСКИОТ РЕГИОН – ТЕМПЕРАТУРИ НАД 35 СТЕПЕНИ ВО ПОВАРДАРИЕТО
ПЕКОЛЕН БРАН ОД АФРИКА ГО ЗАФАТИ МАКЕДОНСКИОТ РЕГИОН – ТЕМПЕРАТУРИ НАД 35 СТЕПЕНИ ВО ПОВАРДАРИЕТО!
Топлиот африкански бран кој започна да продира кон нашата земја од јужните предели денес (сабота, 19 јули) се интензивираше, носејќи со себе екстремно високи температури.
Во најголем дел од територијата на Република Македонија, живата во термометрите се искачи над 30°C, додека во регионот на Повардарието температурите надминаа дури и 35°C, што ја прави оваа сабота една од најжешките ова лето досега.
Времето беше стабилно, суво и претежно сончево, со слаба појава на локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец, кој не донесе значително освежување.
Метеоролозите предупредуваат дека жештините ќе продолжат и во следните денови, па се препорачува граѓаните да избегнуваат изложување на сонце во најтоплите часови од денот, да внесуваат доволно течности и да се заштитат од потенцијални здравствени последици.
Очекувано, летото конечно „стигна“ со полна сила – а со него и африканските жештини!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!