КАКО ЗАГИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЕКСТРЕМЕН СПОРТИСТ ФЕЛИКС БАУМГАРТНЕР?
КАКО ЗАГИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЕКСТРЕМЕН СПОРТИСТ ФЕЛИКС БАУМГАРТНЕР?
фото/Еуронеwс
Светот на екстремните спортови тагува – Феликс Баумгартнер (56), познат по своите неверојатни скокови и авантури, загина во четвртокот при лет со параглајдинг на јадранскиот брег на Италија, во близина на Порто Сант’Елпидио.
Несреќата се случила околу 16 часот, кога Баумгартнер загубил контрола над леталото поради здравствен проблем. Паднал во хотелски базен полн со капачи, при што случајно закачил и жена која поминала со полесни повреди. Само два часа пред трагедијата, на својот Инстаграм профил објавил фотографија од небото со загрижувачкиот натпис: „Премногу ветер“.
Австриецот Баумгартнер остана во историјата како првиот човек кој скокна од работ на вселената во 2012 година во спектакуларна мисија со поддршка од Ред Бул. Во својата кариера постави 14 светски рекорди, а меѓу највпечатливите е и прелетот над Ла Манш со специјално дизајнирани падобрански крила.
Добитник е на повеќе престижни награди, вклучително и Лауресовата награда за спортска акција на годината.
Со неговата смрт, светот изгуби икона на храброста, визијата и човечките граници.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!