Фатени на камера: Директор на ИТ-компанија со љубовница на концерт на Колдплеј – видеото стана вирално!
Фатени на камера: Директор на ИТ-компанија со љубовница на концерт на Колдплеј – видеото стана вирално!
Концертите на „Колдплеј“ се познати по спектаклот, емоциите и илјадниците присутни, но за еден пар – вечерта во Бостон стана неочекуван кошмар. Основачот и извршен директор на софтверската компанија „Астрономер“, Енди Бајрон, беше фатен на камера додека уживаше на концертот во прегратки со менаџерката за човечки ресурси на неговата компанија, Кристин Кабот.
Двојката се појави на големиот екран, слично на т.н. „кисс cам“ што често се користи на спортски настани, а дури и фронтменот на бендот, Крис Мартин, коментираше:
„О, погледнете ги овие двајца! Или имаат афера или се навистина, навистина срамежливи.“
За жал по Бајрон – се покажа дека е првото. Видеото од моментот брзо стана вирално на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина од реакции. Илјадници корисници го обвинија извршниот директор дека ја изневерува својата сопруга, додека други ја изразија својата поддршка кон неа.
„Ми е жал за сопругата, но ми е мило што се разоткриени и засрамени“, напиша еден корисник на Икс. „Зошто, од сите места, би оделе на концерт со љубовникот?“, се прашува друг.
Бајрон подоцна се извини јавно, но штетата веќе беше направена. Кабот засега не ја коментираше ситуацијата, но според извори, моментално се обидува да „ги среди работите дома“.
Останува да се види какви последици ќе има скандалот – како на професионално, така и на лично ниво.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!