Се смирува огнената стихија: Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен останува еден во Велешко!
Се смирува огнената стихија: Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен останува еден во Велешко!
Центарот за управување со кризи утрово информира дека од вкупно 33 пожари на отворен простор евидентирани во последните 24 часа, 28 се целосно изгаснати, четири се под контрола, а еден сè уште е активен.
Меѓу изгаснатите е и пожарот кај селото Мршевци во Општина Илинден, кој се прошири поради ветерот и зафати дел од покривот на локалната црква. Пожарот се ширеше и кон селото Бујковци и индустриската зона „Бунарџик“, но со брза и координирана интервенција беше ставен под контрола.
фото:дирекција за заштита
Активен пожар кај село Нивичино
Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот кај село Нивичино во Општина Василево, каде што гори нискостеблеста шума. Екипите се на терен и работат на локализација.
Под контрола се четири пожари:
-
кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес,
-
кај селото Николич во Општина Дојран,
-
помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа,
-
како и на градската депонија во Демир Хисар.
Надлежните повторно упатуваат апел до граѓаните за максимална внимателност, особено при работа со отворен пламен во природа, фрлање отпушоци или согорување отпад во близина на шумски и земјоделски површини.
Центарот за управување со кризи, Територијалните противпожарни единици и други служби остануваат мобилизирани во целата држава.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!