ПРВА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА МАЧЕЊЕ ЖИВОТНИ: ЉУБЕ КРСТЕВСКИ ОСУДЕН ЗА УБИСТВО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС!
ПРВА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА МАЧЕЊЕ ЖИВОТНИ: ЉУБЕ КРСТЕВСКИ ОСУДЕН ЗА УБИСТВО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС!
Основниот кривичен суд во Скопје донесе историска пресуда – Љубе Крстевски е осуден на три месеци затвор, а Бранко Билбиловски доби парична казна од 1.000 евра за сурово мачење и убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари годинава од тешки повреди.
Според обвинението, на 19 ноември минатата година, Крстевски со стап го нападнал кучето, нанесувајќи му удари во главата, по што заедно со Билбиловски го врзале со жица и го влечеле до контејнер, верувајќи дека е мртво.
Судијката Лидија Петровска ја отфрли одбраната дека кучето било опасно, нагласувајќи дека Феликс бил мирно животно со тежина од само 15 килограми, кое не покажувало агресија. Судот оцени дека начинот на извршување – повеќекратни удари врз животно кое лежи, е особено отежнувачка околност.
Ова е прва пресуда со изречена затворска казна за мачење животни во Македонија, што, како што истакна судијката, испраќа јасна порака дека суровоста кон животните нема да се толерира и дека заштитата на животните е мерка за зрелоста на едно општество.
По смртта на Феликс, се одржаа бројни протести на кои граѓани и активисти бараа правда и повисоки казни за насилство врз животни. Судот верува дека ваквите казни ќе делуваат одвраќачки за идни случаи на насилство врз животни.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!