КАНЈЕ ВЕСТ ОРАЛНО ЈА СИЛУВАЛ И ЗЛОСТАВУВАЛ ПОРАНЕШНАТА АСИСТЕНТКА?! ТАА ПОДНЕЛА ТУЖБА ПРОТИВ НЕГО – СКАНДАЛ НАД СКАНДАЛИТЕ!
КАНЈЕ ВЕСТ ОРАЛНО ЈА СИЛУВАЛ И ЗЛОСТАВУВАЛ ПОРАНЕШНАТА АСИСТЕНТКА?! ТАА ПОДНЕЛА ТУЖБА ПРОТИВ НЕГО – СКАНДАЛ НАД СКАНДАЛИТЕ!
Контроверзниот рапер Канје Вест се огласи по шокантните обвинувања што ги изнесе неговата поранешна асистентка, Лорен Пискиота, во ревидираната тужба поднесена против него. Таа го обвини за сексуален напад и психичко и физичко малтретирање.
Фото: Сcреенсхот Youtube / Лате Нигхт Схоw
Најновата верзија на тужбата, која е четврта по ред, според изјавите на неговиот претставник, Мило Јанопулос, „се коси со сите претходни изјави и станува сè поапсурдна и почудна“.
„Дали госпоѓица Пискиота навистина верува во овие измислици? Тоа не можеме да го знаеме. Но овој нов продолжеток на фантастичната фикција ги дискредитира сите претходни, сегашни и идни тврдења“, рече Јанопулос за Паге Сиx.
СКАНДАЛ НАД СКАНДАЛИТЕ!
Тој додаде дека „судот не е место за попуштање на заблуди и ментални нарушувања“ и најави: „Подготвени сме да ги разоткриеме лагите на госпоѓица Пискиота пред порота – ослободителната пресуда е толку неизбежна што дури и таа, изгубена во маглата на своите фантазии, сигурно може да ја предвиди“.
Јанопулос дополнително го бранеше Канје, велејќи дека Лорен „си избрала токму оној рапер кој најмногу го презира насилството. Кој никогаш не бил уапсен и не поседува оружје“.
„Изнудувач со такви амбиции како што има госпоѓица Пискиота требаше подобро да си ја одбере жртвата“, додаде тој.
Реакцијата на страната на Пискиота
По изјавата на Канјевиот тим, се огласи адвокатката на Лорен, Лиса Блум, за Даилy Маил. „Додека публицистот на Канје Вест изнесе вешто формулирана (но крајно лажна и клеветничка) изјава против госпоѓица Пискиота, самиот Канје веќе јавно призна многу од она што таа го тврди. Канјевиот публицист молчи за тие негови признанија – а тие ќе го уништат на суд. Со нетрпение очекуваме да го видиме таму каде што не може да се скрие зад својот тим“, изјави таа.
Пискиота минатата недела ја измени тужбата која првично ја поднесе во јуни 2024 година. Во неа детално го опиша инцидентот што, според неа, се случил за време на патување во Сан Франциско, каде Канје наводно ја злоставувал – вклучително и со орално силување во хотелска соба.
СКАНДАЛ НАД СКАНДАЛИТЕ!
Освен тоа, тврди дека Вест „нудел жени како сексуални подароци на мажи“, и дека ја понудил и неа на еден од нив. Во новата тужба таа истакнува и дека Канје „ја изложувал на вулгарни коментари за нејзиното тело, ја принудувал да носи тесна облека, ја допирал, ја принудувал да гледа негови сексуални односи со други жени, ѝ испраќал експлицитни фотографии и барал и таа да му праќа. Повеќепати барал да се приклучи на неговите сексуални односи, што таа одбивала“.
Во тужбата наведува и дека, откако добила отказ, Вест се преселил во ист станбен комплекс каде што живеела таа и често минувал покрај нејзиниот стан. Поради тоа, на крајот била приморана да се пресели.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.