БАКА ПРАСЕ РЕАГИРАШЕ НА ТОА ШТО АЊА ГО ПРОДАЛА МЕРЦЕДЕСОТ! Откри и шокантни детали за СКАПИОТ ЧАСОВНИК: „Сакаше да го фрли во ЃУБРЕ!“
БАКА ПРАСЕ РЕАГИРАШЕ НА ТОА ШТО АЊА ГО ПРОДАЛА МЕРЦЕДЕСОТ! Откри и шокантни детали за СКАПИОТ ЧАСОВНИК: „Сакаше да го фрли во ЃУБРЕ!“
Бака Прасе за часовникот на Ања Бла!
Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, се огласи преку лајв пренос со изјава за Ања Благоевиќ, неговата поранешна девојка. Ања Бла отпатува во Црна Гора, а пред заминувањето јавно изјави дека ги подарила своите работи (за кои многумина тврдат дека најголем дел биле подарок од Бака).
Фото: Принтсcреен Instagram/ањаблаа/Youtube/бакапрасе
Исто така, го продала автомобилот кој наводно ѝ го купил Бака, што и самата го објасни во видео запис. „Ања без срам кажува дека го продала автомобилот од Бака“, стои во описот на видеото.
@џелее.420 Рекао сам али… #балкан #бакапрасе #ањабла #мерcедес #говирал #фyп #реелс #схортс
Бака сега ја опиша својата страна од приказната:
„Знам дека Ања го продала мерцедесот. Глупава приказна, ама сепак – нејзин подарок. Веќе претходно во некој лајв реков дека ќе ме ‘продаде’. Знаев дека ќе се случи тоа, што да се прави“, започна Бака, па објасни:
„Пред неколку месеци го прашала Игор каде е картичката од дијамантскиот часовник што ѝ го купив. Ги изгубила двете картички, бидејќи ‘средувала’ нешто. Го прашала дали може да го продаде часовникот. Ако не можам да го продадам, ќе го фрлам во контејнер. Гледај колку е грд, селски. Баш глупав однос кон подароците.“
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Пријателот кој беше со него во лајвот иронично коментираше дека Ања ги цени подароците.
„Да, ама тоа е нејзина работа што ќе прави со нив. Нека го праша Игор во кој контејнер да го фрли“, додаде Богдан.
Да потсетиме, Ања, која моментално се наоѓа во Црна Гора, изјави дека наскоро ќе се пресели на друг континент.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.