ЕКСТРЕМНИ ЖЕШТИНИ ДО ВТОРНИК, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОД СРЕДА?
ЕКСТРЕМНИ ЖЕШТИНИ ДО ВТОРНИК, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОД СРЕДА?
По тропските температури што деновиве ја зафатија Македонија, 8 јули (вторник) ќе биде последниот ден со вистински пеколни горештини, по што следува изненадувачки пад на температурите.
Фото: Пеxелс
Според метеоролошките прогнози, Скопје денеска ќе се соочи со екстремно високи температури до 38 степени Целзиусови, проследени со силен ветер. Издаден е црвен метео аларм поради опасност од топлотен бран, особено за ранливите категории на граѓани.
Слично сценарио ќе има и во Битола, каде се очекуваат до 33 степени, но попладнето ќе го одбележат налети на ветер, поради што е издаден портокалов предупредувачки сигнал.
Но од среда, 9 јули, метеоролозите најавуваат вистински пресврт. Температурите во Скопје ќе паднат на 31°C во текот на денот и само 12°C во утринските часови, додека во Битола се очекува дневна температура од околу 28°C, а минимална до 10°C.
Според прогнозите, заладувањето ќе продолжи и во четврток, кога денот ќе биде претежно сончев, но со поумерени температури – идеални за активности на отворено.
Како да се подготвиме?
За вторник се препорачува ограничено движење во најтоплиот дел од денот, носење светла и лесна облека и зголемено внесување течности.
Од среда – не заборавајте лесна јакна наутро, особено доколку сте на пат или планирате активности на повисока надморска височина.
Останете информирани – времето е променливо, а овие температурни шокови може да имаат влијание и врз здравјето и секојдневните навики.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.