Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 жртви, меѓу кои и 28 деца!
|
фото:НБЦ
САД – Смртниот биланс од катастрофалните поплави што го зафатија Тексас на 4 јули, Денот на независноста на САД, се искачи на 82 лица, од кои 28 се деца, соопштија надлежните.
Најголем дел од жртвите – 68 лица, вклучително и сите 28 деца – се од округот Кер, според изјавата на шерифот Лари Лејта. Дополнително, 41 лице се води како исчезнато, а се стравува дека бројката на жртви би можела да расте.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на вчерашната прес-конференција потврди дека има жртви и во другите делови на државата, при што најтешко погоден е летниот христијански камп за девојчиња „Кемп Мистик“, каде што се трага по уште 10 девојчиња и еден вработен.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави посета на регионот во петок. Тој потврди дека федералните служби се во постојан контакт со државните власти во Тексас.
Поплавите се резултат на излевање на реката Гвадалупе, поради обилни дождови што донесоа и до 38 сантиметри врнежи во централниот дел на државата, околу 140 километри северозападно од Сан Антонио.
Според податоци од Одделот за управување со вонредни состојби, досега се спасени над 850 лица, а акцијата продолжува со поддршка од хеликоптери и авиони на американската крајбрежна стража.
Во округот Барнет загинале три лица, едно лице во округот Том Грин, пет во Травис и едно во Вилијамсон, изјави Фриман Мартин, директор на Одделот за јавна безбедност на Тексас.
Надлежните предупредуваат дека временските услови и натаму остануваат нестабилни, а спасувачките екипи се во состојба на зголемена готовност.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!