Гори на повеќе локации во земјава: Активни пожари кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес!
Гори на повеќе локации во земјава: Активни пожари кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес!
фото:принтскрин/фактормк
Четири активни пожари беснеат на различни локации низ Македонија, покажува најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Вкупно осум пожари на отворен простор биле евидентирани на територијата на државата, од кои половината сè уште не се ставени под контрола.
Најкритични се следните локации:
-
Општина Прилеп – Пожар кај селото Бешиште зафатил квалитетна мешана шума.
-
Општина Македонски Брод – Во близина на селото Црешнево, поточно на местото викано Церо Поле, гори деградирана дабова шума и грмушки.
-
Општина Чашка – Пожарот е лоциран под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка. Моментално нема активен пламен, но се забележува густ чад во карпест предел.
-
Општина Велес – Пожар во ниска вегетација.
Изгаснати се четири пожари:
-
Општина Врапчиште – кај селото Врањовци бил зафатен простор со ниска вегетација и ѓубриште.
-
Општина Липково – кај с. Лојане бил зафатен терен со ниска вегетација и стрниште.
-
Општина Карбинци – кај с. Радање пожарот зафатил површина со жито и ниска вегетација.
-
Општина Арачиново – во селото Орланци изгаснат е пожар кој опфатил ниска вегетација и отпаден материјал.
Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не палат оган на отворено. Пожарите брзо се шират поради високите температури и сувото време, а и најмал немарен потег може да предизвика катастрофа.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!