Трагедија во Кичево: Почина 17-годишен моторциклист по тешка сообраќајка!
Трагедија во Кичево: Почина 17-годишен моторциклист по тешка сообраќајка
Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случи вчера попладне на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“ во Кичево, при што животот го загуби 17-годишен моторциклист.
фото:пиксес
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 4 јули 2025 година во 15:26 часот, кога дошло до судир помеѓу патничко возило од марката „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.Е. од селото Стрелци, и моторцикл марка „Хамачи“, со кој управувал малолетниот кичевчанец.
Младото момче се здобило со тешки телесни повреди и веднаш било пренесено кон скопската клиника „Мајка Тереза“, но за жал им подлегнало на повредите за време на транспортот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото на трагедијата увид извршиле полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши обдукција врз телото на починатиот.
Ова е уште една трагедија која ја потресе кичевската јавност и уште еднаш го отвори прашањето за безбедноста во сообраќајот и зачестените незгоди во кои страдаат млади животи.
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!