Лејкерси доведоа звучно име на центарската позиција и најавуваат борба за титула!

фото:спорт.мк
Во период кога се шпекулира за несогласувања меѓу Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс направија значаен потег што ќе го засили нивниот состав за следната сезона. Клубот го договори ангажманот на Деандре Ејтон, првиот пик на НБА драфтот во 2018 година, јавува „ЕСПН“.
Ејтон во последните две сезони настапуваше за Портланд, а со Лејкерси ќе потпише договор на две години. Според медиумските извештаи, неговата плата за првата сезона ќе изнесува 34 милиони долари.
Во текот на својата кариера, Ејтон има просек од 16,4 поени и 10,5 скока по натпревар, со шут од 59%, што е значително подобрување за тимот на Лејкерси, кој оваа сезона лесно беше елиминиран од Минесота во првото коло од плејофот, со голем проблем под кошот.
Најуспешниот период во кариерата на Ејтон беше со Финикс Санс од 2018 до 2023 година, кога тимот стигна до финалето на НБА во 2021 година, но беше поразен од Милвоки бакс.
Со овој трансфер, Лејкерс најавуваат амбициозна борба за титулата, со надеж дека новиот центар ќе донесе стабилност и сила во најважната зона на теренот.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА