Позната е причината за трагедијата: Пукнала гумата на автомобилот во кој загина Диого Жота и неговиот брат!
Позната е причината за трагедијата: Пукнала гумата на автомобилот во кој загина Диого Жота и неговиот брат!
фото:спортеу.нл
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре Силва трагично загинаа во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора. Шпанската цивилна гарда потврди дека несреќата се случила поради пукната гума на нивниот „Ламборџини“ додека престигнувале друг автомобил, што довело до излетување од автопатот и пожар.
Несреќата се случила во раните утрински часови, околу половина час по полноќ, а медицинските екипи на лице место можеле само да констатираат смрт на двајцата млади мажи.
Диого Жота беше дел од Ливерпул од 2020 година, каде постигна 65 голови на 182 натпревари и освои бројни трофеи, меѓу кои две титули во Премиер лигата, ФА Куп и два Лига купа. Во својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон, а за репрезентацијата на Португалија има 49 настапи и 14 голови, со два освоени трофеи во Лигата на нации.
Трагичната вест го потресе спортскиот свет, оставајќи огромна тага и болка кај сите љубители на фудбалот.
БОНУС ВЕСТ:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!