Четири лесни чекори за совршена нега на кожата по вежбање!
Без разлика дали сте раноутрински или вечерни вежбач, правилната нега на кожата по тренинг е клучна за здрав и свеж изглед. Вежбањето го активира потењето кое може да ги затне порите, да предизвика акни или иритации, особено ако носите тесна спортска облека и сте изложени на бактерии од теретаната.

фото:пихес
За да ја зачувате кожата чиста и хидрирана, следете четири едноставни чекори:
-
Чистење на лицето – нежно отстранете ја потта, себумот и нечистотиите кои се акумулираат за време на тренингот.
-
Пилинг на лицето – ексфолијацијата со продукти кои содржат AHA, BHA или салицилна киселина помага да се отстранат затнатите пори и да се спречат воспаленија.
-
Пилинг за тело – користете пилинг или пенаста купка за да ја освежите кожата и да ја подготвите за хидратација.
-
Хидратација – нанесете крема со хијалуронска киселина и зелен чај за смирување, како и лесен лосион за тело за да ја задржите влагата.
Дополнително, доколку вежбате преку ден, задолжително нанесете крема со заштита од сонце и пијте доволно течности за целосна рехидратација на телото.
Овие едноставни навики ќе ви помогнат да ја одржите кожата здрава, свежа и блескава, без разлика на интензитетот на тренингот!
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!