За шест дена и до 5 килограми помалку: диета со домати – лесен начин до совршена летна фигура!
За шест дена и до 5 килограми помалку: диета со домати – лесен начин до совршена летна фигура!
фото:пихес
Ако немате многу време за долги диети, брзата диета со домати е идеално решение кое ветува видливи резултати за само шест дена. Овој режим не само што помага во слабеењето до 5 килограми, туку и го прочистува организмот од токсини.
Диетата се базира на четири оброци дневно, со голем внес на вода, дозволено е кафе и чај без шеќер, а леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Домати можете да консумирате свежи, варени, печени или на скара, во комбинација со здрави и вкусни намирници.
Пример мени:
Ден 1 и 4
-
Појадок: Салата од домати со 50 г сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца, 30 г леб
-
Ужина: 350 г сезонско овошје или чаша сок од домати
-
Ручек: Тестенини со доматен сос (400 г свежи или 350 г конзервирани домати)
-
Вечера: Супа од домати и зеленчук, со магдонос и лажица павлака
Ден 2 и 5
-
Појадок: Грчка салата и 30 г леб
-
Ужина: 350 г сезонско овошје или чаша сок од домати
-
Ручек: Печени полнети домати со спанаќ и ориз
-
Вечера: Супа од кромид пржен во маслиново масло, филе ослиќ, домати, зачини и лажица павлака
Ден 3 и 6
-
Појадок: Омлет со домати и 30 г леб
-
Ужина: 350 г сезонско овошје или чаша сок од домати
-
Ручек: Пилешко (150 г) во доматен сос со печурки
-
Вечера: Печено говедско месо (130 г) и шопска салата
Оваа диета е едноставна, вкусна и полна со витамини, а свежината и здравјето од доматите ќе ви помогнат лесно да ја постигнете посакуваната фигура за летото!
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!