Иванка Трамп ја засени кралицата Летиција: Ѕвезда на „свадбата на векот“ во Венеција!
Иванка Трамп ја засени кралицата Летиција: Ѕвезда на „свадбата на векот“ во Венеција!
фото:абцнењс
Раскошната тридневна свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција заврши со стил, но токму заминувањето на гостите донесе нови модни моменти за паметење.
Сите очи беа вперени во Иванка Трамп, која уште еднаш покажа зошто важи за симбол на елеганција и гламур. Овој пат, Иванка се појави во полежерно, но совршено стилизирано издание – летен фустан со цветен принт во светло и темно сини тонови, кој префинето ја следеше линијата на телото, а сепак оставаше впечаток на удобност и опуштеност. Без шминка и со ниско врзана коса, таа покажа дека стилот не бара напор – туку вкус.
фото:абцнењс
Иако кралицата Летиција често важи за модна икона на летната сезона, многумина сметаат дека овојпат Иванка Трамп ја надмина, освојувајќи го тронот на најдобро облечена дама на настанот. Венеција можеби веќе се празни, но впечатокот што го остави Иванка останува запаметен како дефиниција за софистицирана летна мода. фото:абцнењс БОНУС ВИДЕО: Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!