„Кралот на апликациите“ влезе во тимот на Маск: Дали X ќе стане глобален дигитален паричник?
„Кралот на апликациите“ влезе во тимот на Маск: Дали X ќе стане глобален дигитален паричник?
Платформата X (поранешен Твитер) на Илон Маск доби нова ѕвезда во својот тим – Никита Бир, познат технолошки претприемач и крипто советник, кој официјално е именуван за раководител на производ.
Бир е најпознат по виралните апликации ТБХ и Гас, кои ги продаде на Мета и Дисcорд, и по својот иновативен пристап во градење производи што експлодираат на интернет. Во крипто светот, беше советник на Солана Лабс, а сега влегува во X токму во време кога платформата добива лиценци за пренос на пари во САД и го најавува X Монеy – партнерство со Виса за дигитални плаќања.

фото:принтсcреен/x/маскнеwс
Со овој потег, растат шпекулациите дека X ќе стане суперапликација. Таа би ги опфаќала комуникацијата, вмрежувањето, трговијата и управувањето со пари. Многумина се прашуваат дали Догеcоин – омилената криптовалута на Маск – конечно ќе биде интегрирана.
Бир е познат како мајстор за виралност и стартап култура. Тој најави дека ќе ја внесе својата енергија и страст во развојот на X.
„И онака веќе го поминувам секој буден час тука – сега ќе го поминувам тоа време помагајќи им на другите да ја отклучат истата вредност.“
Додека платформата се движи кон својот прв раст на приходи од реклами по преземањето во 2022 година, останува прашањето:
Ќе стане ли X новата глобална банка во џеб?
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!