Ценовен шок во Охрид: Сладолед 120 денари, најевтин коктел 400 – туристите поделени околу цените!
Ценовен шок во Охрид: Сладолед 120 денари, најевтин коктел 400 – туристите поделени околу цените!
Охрид ова лето стана тема на бројни дискусии поради рекордно високите цени во угостителските објекти, што предизвикува реакции кај домашните и странските посетители. Според извештај на телевизија 24, цените на сладоледите, пијалаците и храната пораснале до ниво кое многумина го сметаат за неприфатливо.
фото:принтскрин/охридденес
Едно топче сладолед се продава по цена од 80 до дури 120 денари, додека најевтиниот коктел започнува од 400 денари. Кафе со поглед на езерото чини најмалку 180 денари, а просечната цена на пица во рестораните достигнува околу осум евра. Дури и охридската цреша, симболот на летната сезона, се продава до 300 денари за килограм.
Дел од домашните туристи остро реагираат, велејќи дека цените се несоодветни за македонскиот стандард и дека Охрид полека станува недостапен за просечниот граѓанин.
„Одиме со семејството еднаш годишно, но ова веќе станува луксуз. Како да си на Хвар, а не во Македонија“, вели турист од Скопје.
Од друга страна, некои странски гости се задоволни од понудата и цените. Турист од Колумбија изјави: „Ова место е прекрасно и вреди. Цените не ми се чини дека се високи, слични се на тие во Европа“.
Сепак, според туристички работници, две тур-агенции од Холандија и Полска веќе ги откажале аранжманите за ова лето, токму поради наглото зголемување на цените за хотелско сместување.
Стручњаците предупредуваат дека ако не се направи баланс помеѓу квалитетот на понудата и цените, Охрид би можел да го загуби статусот на атрактивна и достапна дестинација, особено за домашниот пазар.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!