Љубов или скандал? Јамал (17) „уловен“ со 29-годишна ѕвезда на ОнлyФанс – јавноста поделена! (ФОТО)
Љубов или скандал? Јамал (17) „уловен“ со 29-годишна ѕвезда на ОнлyФанс – јавноста поделена! (ФОТО)
принтскрин:абц
Новата сензација на Барселона, Ламин Јамал, иако има само 17 години, веќе е во центарот на вниманието не само поради фудбалските вештини. Младата ѕвезда беше фотографиран на одмор во Италија со 29-годишната инфлуенсерка и ОнлyФанс моделка – Фати Васкез.
принтскрин:абц
Фотографиите од нивното заедничко време ја кренаа прашината во јавноста, а особено бурни реакции предизвика 12-годишната разлика во години. Социјалните мрежи „експлодираа“, а Фати доби бројни навреди и дури закани по живот, поради кои мораше јавно да реагира.
„Никого не сум убила, не правам ништо погрешно. Само поминавме неколку дена заедно и тоа е сè“, изјави Фати, видливо вознемирена од лавината коментари.
принтскрин:абц
Таа додаде и дека во случајот улогите да беа обратни – повозрасен маж со помлада девојка – „никој ништо не би рекол“. Иако јавно не потврди дали се во врска, фотографиите зборуваат повеќе од зборови.
Љубов, провокација или само случајно пријателство? Едно е сигурно – Јамал и Фати го поделија светот на два табора.
Љубов или скандал? Јамал (17) „уловен“ со 29-годишна ѕвезда на ОнлyФанс – јавноста поделена! (ФОТО)
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!