Борис Бекер ќе стане татко по петти пат: „Мало чудо доаѓа!“
Борис Бекер ќе стане татко по петти пат: „Мало чудо доаѓа!“

Љубовта цвета, а семејството се зголемува! Поранешниот тениски ас Борис Бекер (57) и неговата 23 години помлада сопруга, прекрасната Лилијан де Карваљо Монтеиро (35), го очекуваат своето прво заедничко дете!
Бекер ја сподели среќната вест на Инстаграм преку емотивно видео во кое Лилијан гордо го покажува својот труднички стомак. Под видеото напиша: „Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа.“
Објавата набрзо собра илјадници лајкови и честитки од фанови и пријатели ширум светот. Среќната двојка изгледа зближено и возбудено за новата улога што ги очекува – Бекер како татко по петти пат, а Лилијан како мајка по првпат.
Легендарниот германски тенисер, познат по својата динамична кариера и шарен приватен живот, сега е подготвен за ново поглавје исполнето со љубов, тишина и – бебешки чекори!
Борис Бекер ќе стане татко по петти пат: „Мало чудо доаѓа!“
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!