КУМАНОВО ГО ПРЕТСТАВИ ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ: МАРИЈАНА ДА СИЛВА АЗЕВЕДО СТИГНУВА ОД ПОРТУГАЛИЈА!
КУМАНОВО ГО ПРЕТСТАВИ ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ: МАРИЈАНА ДА СИЛВА АЗЕВЕДО СТИГНУВА ОД ПОРТУГАЛИЈА!
фото/спортплусКуманово
ЖРК Куманово го претстави првото засилување за претстојната сезона – 26-годишната Португалка Маријана Да Силва Азеведо. Таа ќе го засили тимот на бековските позиции и во Куманово доаѓа со значајно интернационално искуство, кое се очекува да донесе стабилност и квалитет во играта на тимот.
Азеведо својата ракометна кариера ја започнала во португалскиот клуб Маиа, по што следел трансфер во Алавариум. Три сезони настапувала за екипата на Мадеира, каде што се етаблирала како клучна играчка. Во 2022 година заминува од Португалија и се преселува во Грција, каде што за една сезона ги носи дресовите на дури три екипи – Пилаја, ПАОК Солун и АЕК Атина.
Додека во тимот пристигнува ново засилување, клубот се раздели со досегашната голманка Марија Јовановска, која својата кариера ќе ја продолжи во Ѓорче Петров.
Од управата на ЖРК Куманово најавуваат дека ова не е последното засилување и дека во наредниот период ќе бидат претставени уште неколку нови имиња со кои ќе се креира конкурентен состав за претстојната сезона.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!