ПАНИКА НА АЕРОДРОМОТ! Мечка влегла на писта!
ПАНИКА НА АЕРОДРОМОТ! Мечка влегла на писта!
Фото: Пиxабаy
На аеродромот Јамагата во Јапонија во четврток се случи вистинска сцена кога беше забележана мечка на пистата, поради што аеродромот привремено беше затворен, а дури 10 планирани летови беа откажани, јавува НХК.
Фото: Пиxабаy
Животната првпат била забележана во 7 часот наутро по локално време, по што вработените се обиделе да ја растераат. Меѓутоа, околу пладне мечката повторно се појавила на пистата. Ова ги натерало раководството на аеродромот да преземат драстични мерки и да ја затворат пистата за сообраќај, со цел да се избегне можен инцидент или загрозување на патниците и авионскиот сообраќај.
Брзо била повикана локална ловечка екипа која поставила специјална замка, но до 18 часот мечката сè уште не била фатена. Властите нагласуваат дека животното е вознемирено и може да стане опасно доколку се почувствува загрозено. Персоналот на аеродромот планира утринска контрола на пистата во петок, по што, врз основа на безбедносна проценка, ќе донесат одлука за повторно воспоставување на летовите. Иако засега нема пријавени повредени лица, ситуацијата предизвикала значителни доцнења и пренасочувања на неколку летови. Властите апелираат граѓаните да избегнуваат движење во околината на аеродромот додека мечката не биде безбедно отстранета.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!