Втора шанса за упис во средно образование: 30 јуни нов рок за полуматурантите!
Втора шанса за упис во средно образование: 30 јуни нов рок за полуматурантите!
Полуматурантите кои не се запишаа на првото електронско пријавување за упис во средно образование за учебната 2025/2026 година, ќе имаат нова можност – второто пријавување ќе се одржи во понеделник, на 30 јуни. Документацијата до избраните училишта ќе се доставува наредниот ден, на 1 јули, додека ранг-листата на запишаните ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот.
фото:тирековмирече
Според податоците од Министерството за образование и наука, за овој уписен рок има вкупно 16.034 слободни места. Од нив, 10.758 се за наставен јазик македонски, 4.781 за албански, 474 за турски и 21 за српски наставен јазик.
Од вкупниот број, 3.727 места се во гимназии, а 12.307 во стручни училишта. Интересот за стручно образование е поголем – на првиот рок двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта (9.469), отколку во гимназии (4.243).
Во некои училишта каде што голем број ученици имале исти бодови, беше спроведено квалификациско тестирање. Ова предизвика реакции кај родителите. Министерката за образование, Весна Јаневска, објасни дека тестирањето е законска обврска. Целта е реално рангирање на знаењето, а не упис поради формално добри оценки.
Ако има потреба, квалификациско тестирање ќе се организира и по второто пријавување, на 4 јули, кога ќе бидат објавени конечните резултати.
За оние ученици кои нема да успеат да се запишат ниту во јуни, последна можност е августовскиот рок. Пријавувањето за него е на 21 август, а конечните листи ќе бидат објавени на 22 август.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!