Тони Наумовски со награда за најдобра машка улога во Њујорк!
Тони Наумовски со награда за најдобра машка улога во Њујорк!
Блесок на македонскиот актер на Индие Филм Фестивал Аwардс со „Лена и Владимир“
принтсcреен/фб/тонинаумовски
Македонскиот актер Тони Наумовски, кој веќе две децении живее и работи во САД, ја освои награда за најдобар машки актер на престижниот Индие Филм Фестивал Аwардс во Њујорк.
Тој е награден за својата улога во филмот „Лена и Владимир“, научнофантастичен трилер кој е веќе препознаен и наградуван на неколку меѓународни фестивали.
Филмот е снимен според сценарио на д-р Симран Ахуја, а режисер на проектот е Шариф Синклер. Наумовски се истакнува со силна актерска интерпретација што му ја донесе оваа значајна меѓународна потврда.
По примањето на признанието, актерот се огласи на социјалните мрежи:
„Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награда за најдобар машки актер за ‘Лена и Владимир’ со вас, од доделувањето на наградите на Индие Филм Фестивал Аwардс во Њујорк.“
Наумовски и претходно имал значајни улоги во театарот и филмот, со настапи во продукции на Нетфлиx, ХБО, како и бројни независни филмови.
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!