Ја пушти Кети, сега ја „мерка“ Ким? Орландо Блум блескаше на свадбата на Безос – сите очи вперени во него и Кардашијан!
Ја пушти Кети, сега ја „мерка“ Ким? Орландо Блум блескаше на свадбата на Безос – сите очи вперени во него и Кардашијан!
Холивудскиот заводник Орландо Блум дефинитивно го живее својот „слободен живот“ по шпекулираниот раскин со Кети Пери – а со кого ако не со самата Ким Кардашијан?
Венеција блеска од ѕвезди за свадбата на деценијата – милијардерот Џеф Безос се жени со Лорен Санчез, а меѓу присутните се најдоа и Орландо Блум, сестрите Кардашијан-Џенер и матриката на кланот, Крис Џенер.
Камерите го уловија Орландо како ужива на јахта со пиво во рака, во друштво на пријатели и дури и на славниот спортист Том Брејди. Но најголемо внимание привлече моментот кога ѝ пријде на Ким Кардашијан – со широк насмев, топла прегратка и поглед кој кажува повеќе од илјада зборови.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Дали навистина „се шири како паун“ пред Ким? Според експертите за говор на тело – да. Неговото држење, контактот со очи и гестот на поздрав биле сè, само не случајни. А Крис Џенер? Таа ги гледала како горда свекрва во замислен брак што уште не постои.
Гласините велат дека Кети Пери го оставила Орландо збунет и незадоволен. Тоа се случило по нејзиното враќање од „вселенската мисија“ со најдобрата пријателка Лорен Санчез. Откако замина на турнеја, Орландо не губи време. Дефинитивно не сакаше да го пропушти шоуто на годината!
Фановите веќе бурно реагираат на социјалните мрежи:
„Ким и Орландо – новата моќна двојка?“
„Крис Џенер ќе ги сврзи до крајот на летото!“
„Кети wхо?“
Останува да видиме дали оваа блискост ќе прерасне во нов холивудски роман. Или пак е само уште еден момент што ќе се памети… барем до следниот скандал.
Ја пушти Кети, сега ја „мерка“ Ким? Орландо Блум блескаше на свадбата на Безос – сите очи вперени во него и Кардашијан!
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!