Андријана Јаневска прослави 15 години љубов – со семејството во магичната Барселона!
Андријана Јаневска прослави 15 години љубов – со семејството во магичната Барселона!
Македонската музичка ѕвезда Андријана Јаневска има причина плус за насмевка – неодамна во Барселона, ја прослави 15-годишнината од бракот со сопругот Гино. Славењето беше токму онака како што ѝ доликува – романтично, семејно и полно љубов.
фото/принтскрин/инстаграм/андријанајаневска
Пејачката, позната по харизмата и големите хитови, покажа дека знае како да балансира помеѓу блескавата сцена и приватниот живот. Заедно со сопругот и нивните два сина, позираа пред прочуената катедрала Саграда Фамилија, оставајќи впечаток на среќно и складно семејство.
Следниот ден, Андријана го искористи шпанското сонце за разладување на плажа, каде сподели фотографија во костим за капење – и повторно ги освои фановите со нејзината природна убавина и позитивна енергија.
фото/принтскрин/инстаграм/андријанајаневска
Со вакви моменти, Јаневска уште еднаш покажа дека знае како да живее со полни гради – и на сцена, и во животот.
Покрај хармоничниот семеен живот, Андријана Јаневска не запира со професионалните успеси. Таа е една од највлијателните женски гласови на македонската поп-сцена, со кариера што трае повеќе од две децении. Настапува на големи концерти, фестивали и музички проекти, а нејзините песни често се меѓу најслушаните. Со исклучителна музичка едукација и талент, Јаневска остави трага и како професорка, инспирирајќи нови генерации музичари.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Андријана Јаневска прослави 15 години љубов – со семејството во магичната Барселона!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!