Таткото на Вања ослободен, но адвокатот бара одговори од институциите!
Таткото на Вања ослободен, но адвокатот бара одговори од институциите!
Иако Александар Ѓорчевски, таткото на трагично убиената Вања, беше ослободен од обвинението, неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ изјави дека остануваат сериозни прашања без одговор.
„Никој досега не објасни зошто беше киднапирана и убиена Вања, ниту како таков криминален план се реализираше без да биде спречен навреме“, рече Туфегџиќ. Тој истакна дека институциите должат одговор и за тоа зошто Александар Ѓорчевски беше третиран како осомничен, а не како татко на жртва.

принтскрин:максфакс
Туфегџиќ потсети дека уште во февруари побарал медицинска документација за, како што наведува, тортурата врз неговиот клиент, но до денес не добил одговор од надлежните.
Во меѓувреме, Обвинителството најави жалба на пресудата, тврдејќи дека некои од осудените изјавиле оти од таткото дознале дека Вања сама оди на училиште – информација што, според нив, била клучна за организирање на киднапирањето.
Случајот и понатаму е во фокусот на јавноста. Одбраната бара одговори што би можеле да ја откријат целата позадина. Станува збор за еден од најшокантните случаи во поновата македонска историја.
Таткото на Вања беше ослободен, но адвокатот не застанува тука. Тој упатува директни барања до институциите и инсистира на транспарентност и одговорност.

фото:маxфаx
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!