Бред Пит искрено за алкохолизмот по разводот со Анџелина: „Бев на колена, ми требаше рестартирање!“
Бред Пит искрено за алкохолизмот по разводот со Анџелина: „Бев на колена, ми требаше рестартирање!“

фото:ЕПА
Холивудскиот миленик Бред Пит ретко, но крајно искрено проговори за најтешкиот период од својот живот – разводот со Анџелина Џоли и борбата со алкохолизмот. Во подкастот „Армcхаир Еxперт“ со Дакс Шепард, Пит откри дека се приклучил на програмата на „Анонимни алкохоличари“ во 2016 година. Тоа се случило откако Џоли поднела барање за развод.
„Бев практично на колена. Сè пробав. Ми требаше рестартирање – духовно, емоционално, сè“, изјави тој. „Во АА најдов нешто што никогаш претходно не сум го искусил: искреност, ранливост и човечност помеѓу мажи.“
Пит објасни дека состаноците со групата станале нешто што со нетрпение го очекувал. „Тоа беа неверојатни мажи. Ги споделуваа своите слабости, грешки и болки – со многу хумор. Тоа ме промени“, додаде актерот.
Тој израснал во конзервативна средина во Озаркс. Таму, според него, „мажите велат дека сè е супер“, па ова искуство му било културен шок. Но, и важна животна лекција.
Иако законски се разведоа уште во 2019 година, официјалната постапка со Џоли заврши дури неодамна. Денес, Пит е трезен, посилен и посамосвесен од кога било.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!