Таско со најблиските го прослави роденденот на синот Лукијан!
Таско со најблиските го прослави роденденот на синот Лукијан!
Македонската хип-хоп ѕвезда Христијан Тасковски – Таско, на емотивен начин го прослави роденденот на својот син Лукијан. Во присуство на најблиските пријатели и семејството, Таско и неговата сопруга организираа роденденска прослава за нивниот мал син, објавувајќи радосни моменти на социјалните мрежи.
На Инстаграм, Таско сподели видео од роденденот, каде што малото Лукијан со насмевка ги дува свеќичките на роденденската торта, опкружен со своите другарчиња. Емотивните сцени ги воодушевија следбениците на артистот, кои упатија бројни честитки.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Под видеото, Таско напиша трогателна порака за својот син:
„Кога растеш, растам и јас со тебе. Кога движиш, движам и јас со тебе. И да те немаше тебе, ќе ме немаше и мене. Среќен роденден, сине.“
Фановите не останаа рамнодушни на оваа искрена посвета, дополнително потсетувајќи колку важна улога има семејството во животот на музичката ѕвезда.
Бонус видео:
БОНУС ВЕСТ:
Минатата недела во Скопје се одржа еден од поголемите настани во ШОУ-БИЗНИСОТ! Лазаров прославуваше 5 години од постоење на својот канал, а по тој повод ја собра македонската естрада на едно место!
Настанот беше во светски стил, а присутните докажаа дека македонската естрада знае да постави нови стандарди кога работи заедно!
На црвениот килим се појавија многу македонски ѕвезди меѓу кои и беше македонскиот изведувач Таско!
За камерата на ХАЈП МК со Таско поразговаравме за тоа како започна соработката помеѓу него и Лазаров!
„Во таа ситуација кога многу луѓе го отпишаа, јас застанав позади него иако бевме скарани!Сметам дека тоа што се случи не беше негова вина туку само неискуство! Кога видов дека не се откажа и продолжи како ништо да не било, сфатив дека човекот е одучен дека ќе биде тоа што сака да биде!“
Таско: „Кога многу луѓе го отпишаа, јас застанав позади Лазаров!“
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!