ЕЛЕНА РИСТЕСКА: „Имам здраствен проблем кој што мора да го решам!“
ЕЛЕНА РИСТЕСКА: „Имам здраствен проблем кој што мора да го решам!“
На гламурозната прослава по повод 5 години од YоуТубе каналот на Лазаров, македонската естрада блескаше – но една искрена исповед на сцената го привлече целото внимание!
Пред камерите на ХАЈП МК, нашата поп дива Елена Ристеска откри нешто што ги загрижи фановите – се соочува со здравствен проблем поврзан со грлото, што ѝ пречи во најсветото за секој артист – пеењето.
„Имам спремени нови песни, но ќе почекаат. Прво морам да го решам овој проблем кој индиректно влијае на мојот глас,“ рече Елена со доза на сериозност и искреност која ретко се гледа во јавноста.
Иако нема детали за конкретната дијагноза, таа нагласи дека музиката, гласот и здравјето се приоритет, а фановите веднаш ѝ упатија пораки со поддршка и желби за брзо закрепнување.
Ќе успее ли Елена да се врати посилна од кога било? Публиката со нетрпение ја очекува нејзината следна музичка магија – кога ќе биде подготвена!
ЕЛЕНА РИСТЕСКА: „Имам здраствен проблем кој што мора да го решам!“
Бонус видео: Мисијата е успешна! ХАЈП МК ги помири Елена и Сергеј!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!