БАЈКЕРСКА ПРОСИДБА ВО МАКЕДОНИЈА!
БАЈКЕРСКА ПРОСИДБА ВО МАКЕДОНИЈА!
фото/принтскрин/инстаграм/ѕунзуровска
Несекојдневна и емотивна сцена одекна на македонските социјални мрежи, откако се појави видео од бајкерска просидба која топи срца. Главната хероина во приказната е Благица Ѕунзуровска, која преку своето Инстаграм сторy го сподели најсреќниот момент од нејзиниот живот – веридбата со нејзиниот партнер, исто така љубител на мотори.
Во видеото се гледа како двојката пристигнува на мотор на игралиште, каде што ги чекаат пријатели, роднини и други моторџии. Атмосферата е полна со возбуда и радост, а по нивното пристигнување следи кулминацијата – момчето клекнува на едно колено пред изненадената Благица и ѝ ја поставува судбоносната прашање.
фото/принтскрин/инстаграм/ѕунзуровска
Емоциите не се кријат – таа веднаш прифаќа, го прегрнува својот иден сопруг, додека публиката ги поздравува со громогласен аплауз. Среќната двојка е опкружена со љубов, мотори и искрена поддршка од нивното бајкерско семејство.
На нејзиното стори, Благица напиша едноставно, но моќно: „Да!! засекогаш.“
фото/принтскрин/инстаграм/ѕунзуровска
Оваа бајкерска љубовна приказна не само што го привлече вниманието на јавноста, туку и ја покажа убавината на љубовта која не познава граници – ниту на асфалтот, ниту во срцето.
Честитки за Благица и нејзиниот избраник – нека им е со среќа и ветер во коса и љубов во срце!
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н