Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на „Ројал Аскот“ – загриженост за нејзиното здравје!
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на „Ројал Аскот“ – загриженост за нејзиното здравје!
Војвотката од Велс, Кејт Мидлтон, неочекувано го откажа своето присуство на гламурозниот настан „Ројал Аскот“, што започна на 17 јуни и трае до 21 јуни. Таа требаше да се појави во традиционалната поворка со кочии заедно со принцот Вилијам, но нејзиното отсуство во последен момент отвори низа прашања и предизвика загриженост кај јавноста.
пхото:абcнеwс
Иако официјална причина не беше наведена, британските медиуми шпекулираат дека одлуката е поврзана со нејзиното здравје. Кејт и понатаму се фокусира на закрепнување по превентивната хемотерапија, која ја заврши по дијагноза со рак. Според кралската дописничка Даниел Стејси, принцезата изразила жалење што нема да биде дел од настанот, каде што требаше да биде во друштво на кралот Чарлс и кралицата Камила.
И покрај отсуството на Кејт, нејзината мајка Керол Мидлтон и снаата Ализе Тевенет беа забележани меѓу гостите. Последното појавување на принцезата беше за време на парадата „Троопинг тхе Cолоур“ и свеченостите по повод Денот на жартиерата, што беше топло поздравено од јавноста.
Нејзините обожаватели и натаму ѝ испраќаат пораки со поддршка и желби за целосно и брзо закрепнување.
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!