Децата на Хари и Меган продаваат овошје на пазар!
Децата на Хари и Меган продаваат овошје на пазар!
Арчи и Лилибет, децата на принцот Хари и војвотката Меган Маркл, деновиве го изненадија јавноста откако почнаа да продаваат овошје и зеленчук на локален пазар во Монтесито, Калифорнија. Станува збор за домашно одгледани продукти од градината на нивната луксузна вила, со што семејството сака да ги научи децата на вредноста на трудот и парите.
„Сакам да ја разберат вредноста на парите и работата“, изјави Меган во новото издание на подкастот со Ема Гред, потенцирајќи дека градинарството е одличен начин децата да научат трпение и да развијат љубов и почит кон храната.
пхото: абcнеwс
Иако растат во привилегирана средина, Меган вели дека ѝ е важно децата да сфатат дека сè има своја цена, вклучително и вниманието кон природата и животната средина.
На социјалната мрежа „ТикТок“, војвотката објави фотографија од свежо набрани плодови, но дел од следбениците ја исмејуваа, коментирајќи дека овошјето изгледа „премногу чисто“ и „некои парчиња дури немаат ни трошка земја на нив“.
Во истото гостување, Меган зборуваше и за нејзиниот пристап кон родителството и балансот меѓу семејниот и професионалниот живот. Таа откри дека сама ги подготвува оброците за децата, понекогаш дури и додава јастиви цветови од нејзиниот личен бренд.
„Кога децата ќе си легнат околу седум, јас си ставам чаша вино и им го подготвувам ручекот за следниот ден. За мене тоа е како терапија“, рече Меган.
Таа се присети и на своето детство, кога како девојче продавала ластичиња за коса по еден долар – нејзиниот прв претприемнички обид. Денес, вели таа, нејзините деца учат слични животни лекции преку пазарењето со зеленчук.
На крајот, Меган изрази благодарност за споредбите со Марта Стјуарт и Гвинет Палтроу, нагласувајќи дека сака преку медиумите да го прикаже својот вистински, радосен и реален живот.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!