СТАРА ГРАНАТА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ПРОНАЈДЕНА ВО ДВОР ВО КАЛИШТА!
СТАРА ГРАНАТА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ПРОНАЈДЕНА ВО ДВОР ВО КАЛИШТА!
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека при изведување градежни активности во близина на кампот „Рино“, на западниот брег од Охридското Езеро, во атарот на струшкото село Калипшта, е откриена неексплодирана артилериска граната.
Фото/Сител.мк
Станува збор за проектил со калибар од 105 милиметри, кој потекнува од времето на Првата светска војна. Гранатата била пронајдена во двор помеѓу веќе изградени куќи и веднаш била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата. Потоа, таа е транспортирана на соодветна локација за складирање, каде што ќе биде уништена согласно протоколите за безбедност.
ДЗС апелира до граѓаните да постапуваат со крајна претпазливост во случаи кога ќе наидат на сомнителни или опасни неексплодирани убојни средства. Препораката е никогаш да не се допираат, поместуваат или да се обидуваат сами да ги отстранат, туку веднаш да се пријават на Единствениот број за итни случаи – 112, што го администрира Центарот за управување со кризи.
По добивањето на пријавата, надлежните служби и експертски тимови од Системот за управување со кризи ќе преземат мерки за безбедно отстранување или неутрализирање на опасниот предмет, секогаш земајќи ги предвид теренските услови и типот на пронајденото средство.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.